https://www.flickr.com/photos/nato/43344280061

14.07.2022 Скопје

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека доколку не се отворат преговорите за ЕУ, Албанија следниот ден ќе бара одвојување од македонско-бугарското прашање. Рама се надева дека резултатот од дебатата во Парламентот на Северна Македонија ќе биде позитивен, а доколку не биде така смета дека Албанија треба да ги отвори преговорите оваа година сама.

Еди Рама на прес-конференцијата во Валона со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји, изјави дека ќе го почека крајот на оваа маратонска дебата што се одржува во Парламентот на Северна Македонија и посакува Северна Македонија да го отвори патот за предлогот на Франција и двете земји заедно да влезат во преговори.

Вархеји изјави дека ова не е нешто што го одлучуваат тие, туку суверниот Парламент на Северна Македонија.

https://www.instagram.com/ediramaal/

Во понеделникот, координатор на албанската владеачка партија изјави дека првата Меѓувладина конференција со Албанија, а се надева и со Северна Македонија, ќе се одржи следната недела, 19-20 Јули, што е оценето дека тоа е многу добра вест за двете земји.

Подготвено од М.Н.

About Author