21.07.2022 Скопје
Откако рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека руските испораки преку еден од најголемите гасоводи може да се намали, дури и има можност целосно да се запре, Европската Унија им порача на земјите членки да ја намалат употребата на газ за 15 отсто, до март следната година.
По 10-дневната суспензија заради годишното сервисирање, испораките преку Северен тек 1 треба да продолжат денес.
Како резултат на овие нарушувања, Европа не успеа да го наполни складиштето на гас пред зимата, што го зголемува ризикот од рестрикции.
Урсула фон дер Лајен изјави дека Русија ја користи енергијата како оружје и верува дека ќе има целосен прекин на испораките на гас и тогаш ќе треба да се движат по правилата на Русија.
Цените на гасот вртоглаво се зголемуваат од нестабилната трговија, откако избувна војната во Украина.
Кремљ тврди дека Русија е доверлив снабдувач на гас и вината за намаленото снабдување целосно ја префрла на санкциите кон Русија, воведени од страна на Европската Унија.
Подготвено од М.Н.