https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1552238548845297664/photo/4

31.07.2022 Скопје

Евроамбасадорот Дејвид Гир во едно интервју изјави дека ако не се направат уставните измени, веројатно преговарачкиот процес ќе запре и ќе се чека решавањето на ова прашање. Воедно, истакна дека иако преговорите се отворени и скринингот е започнат, одржувањето на наредната Меѓувладина конференција ќе зависи од билатералниот договор меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Во врска со најавениот референдум, Гир изјави дека сите политички партии во Северна Македонија треба да ја постават својата позиција на различните прашања, со што истакна дека Северна Македонија стратешкиот избор кој го направи е да влезе во Европската Унија и процесот сега започнат, а тоа е важно поради бројните јасни причини зошто оваа земја ќе има корист од членството во Европската Унија. Исто така, истакна дека Европската Унија, на еконоска страна, е најголемиот единствен пазар во светот и нуди огромни можности за бизнис, за трговија, за инвестиции, за подобрување на животниот стандард и средствата за живот, за осигурување дека младите луѓе ќе ги развијат неопходните вештини да се натпреваруваат на пазарот на труд во овој голем единствен пазар, но не е само тоа, според Гир има многу други јасни бенефиции од членството во Еропската Унија.

За тоа дали Северна Македонија ќе има гаранција од Европската Унија дека Бугарија нема да ги блокира преговорите во случај кога Северна Македонија ќе ги исполнува обврските од билатералниот протокол, Гир изјави дека мора да бидат јасни дека гаранции нема, всушност самиот процес нема 100 проценти гаранции и самиот процес се состои од серија на моменти кога едногласни одлуки треба да се донесат. Исто така, додаде дека ниту една преговарачка рамка не може да гарантира дека други прашања нема да бидат покренати, а доколку бидат покренати Еропската Унија, како што има направено во други процеси за членство, ќе се справи со нив.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author