23.07.2022 Скопје
Потпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков, изјави дека руски воени авиони, проектили и артилерија погодиле повеќе од 240 воени локации во Украина за само 24 часа.
Воената авијација и алтилерските бригади ќе продолжат со удари во воени објекти на територија на Украина, уништени се 12 командни штабови, четири проектили и алтилериско оружје, магацини за муниција во Народна Република Доњецк и градот Миколаев, како и воена опрема на 226 места.
Генерал-мајорот Игор Конашенков додаде и дека руската авијација ја нападнала 406-тата алтилериска бригада на украинската армија во населбата Апостолово, елиминирале 200 војници, уништиле девет артилериски пушки, како и дополнителна воена опрема.
Подготвено од М.Н.