04.06.2022 Скопје
Директорот на истанбулскиот тинк – тенк ЕДАМ, Синан Улген, за Си – Ен – Ен, изјави дека главната причина зошто Турција го менува своето име е да ја елиминира поврзаноста со птицата, но исто така терминот во разговорниот јазик се користел за да означи неуспех.
Името што се користи на англиски за Турција – Turkey, во превод значи мисирка или птица, што е најпознато по тоа што во САД со подготовка на истата, се одбележува Денот на благодарноста.
Обединетите нации ја признаа промената на името на Турција на англиски јазик од Турција во Туркије.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека промената на правописот била усвоена како дел од чекорите, насочени кон зголемување на престижот на земјата на меѓународната сцена.
Подготвено од А.Ѓ.