04.06.2022 Скопје
Едно од ветувањата на германската владејачка Социјалдемократска партија ( СПД ) беше зголемувањето на минималната саатница.
Ветувањето е исполнето, со што Германскиот парламент донесе одлука минималната саатница, која во моментов изнесува 9,82 евра бруто, да изнесува 12 евра.
Прво, на 1 Јули, ќе се зголеми на 10,45 евра, а од 1 Октомври минималната саатница, во Германија, ќе изнесува 12 евра.
Министерот за труд, Хубертус Хајл, изјави дека без Олаф Шолц, немало да има вакво зголемување на минималната саатница и додека дека зголемувањето на минималната плата ќе донесе „значително зголемување“ за оние кои заработуваат најмалку.
Подготвено од А.Ѓ.