11.06.2022 Скопје
Речиси половина месец градот пустоши низ нивите во повеќе општини низ државата. Пред два дена, без род останаа лозарите од неготинско, каде штетите се и до 100 посто.
Земјоделците и лозарите од Лозово поднеле 200 барања за штети од невремето, со што најголем дел се на лозовите насади. Рокот за пријавување беше до вчера, но поради празникот се пролонгира до понеделник.
Министерот Николовски, во следните денови, ги очекува забелешките од осигурителните компании, бидејќи новото законско решение предвидува Државен фонд преку кој ќе се исплаќаат штетите, а исплатата ќе биде скалеста.
Подготвено од М.Н.