26.06.2022 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека во последните 24 часа, Украина била погодена од 45 руски проектили. Зеленски изјави дека Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучувајќи го и Северодонецк.
Зеленски ги опиша нападите како циничен обид да се уништи духот на Украинскиот народ и повторно побара од Западот повеќе оружје, бидејќи санкциите против Русија не се доволни, за да се спаси Украина.
По неколку неделни борби, Северодонецк го зазедоа руските сили.
Подготвено од М.Н.