14.06.2022 Скопје
Украинскиот претседател, Володомир Зеленски, изјави дека Украина платила „застрашувачка“ цена и жестоката битка за Севернодоњецк ќе остане една од најбруталните борби што Европа ја има видено.
Цената во таа битка, во човечки животи, е многу висока, но битката за Донбас несомнено ќе остане запаметена како најжестока битка во историјата во Европа.
Украинскиот претседател ова го соопшти за време на неговото ноќно обраќање до нацијата, во време кога руските сили се близу до освојувањето на градот Севернодоњецк.
Подготвено од М.Н.