16.06.2022 Скопје
Во видео обраќање во рамките на Преспа форумот, кој се одржува во Охрид, украинскиот претседател, Володомир Зеленски, имал свое обраќање за сесијата „Што после војната во Украина?“.
Зеленски изјавил дека ова е историски момент за Европа и европската безбедност и дека сите треба да одлучат каква ќе биде Европа во иднина.
Зеленски рече дека Русија, не само Украина, туку ги предизвикува сите нации и секој регион во Европа и дека затоа треба сериозна дискусија за безбедносна архитектура во Европа.
Безбедноста е невозможна без взаемна поддршка и потребни се санкции за антиевропска политика на Русија и истакна дека на Европа и е потребна целосна енергетска независност, заклучи во своето обраќање украинскиот претседател Зеленски, кој се обрати како специјален гостин на Преспа форум дијалогот, што се одржува во Охрид.
Подготвено од М.Н.