https://www.facebook.com/photo/?fbid=2060562897509619&set=a.484020496413205

30.06.2022 Скопје

Париз заврши со претседателството со ЕУ, во Северна Македонија никој со сигурност не може да каже каков е статусот на францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија за кревање на бугарското вето.

Според едни толкувања, Бугарија со прифаќањето на предлогот, практично го кренала ветото за Македонија, а сега ситуацијата кај е „земи или остави“, бидејќи нема да има нова преговарачка рамка. Според други толкувања, фрацускиот предлог е веќе „мртов документ“, исто така и португалскиот предлог, затоа што остана неусогласен од европските тела.

Од Франција деновиве нема нова иницијатива во последните моменти да се прилагоди рамката, за да биде прифатливо за двете страни, а останаа без успех и најновите разговори за дипломатите на МНР, кои се сретнаа пред неколку дена во Софија.

Неизвесно е и дали во следните шест месеци, претседавачот со ЕУ, Чешка ќе се посвети на изготвување на нов предлог, бидејќи земјата веќе се изјасни дека приоритет ќе им биде Украина.

Чешка го превзема претседателството со Унијата, како дел од државите – членки кои најсилно се противеа на вклучување на историските прашања во заклучоците на ЕУ на Самитот во Декември 2020 година. Чешка нема посебно да се занимава со ова прашање и не се очекува дека другите земји – членки ќе се занимаваат и ангажираат за спорот Бугарија – Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author