https://commons.wikimedia.org/wiki/File:New_Donetsk_Peoples_Republic_flag.png

07.06.2022 Скопје

Русите во источна Украина соопштија дека започнало судењето на двајцата британски доброволци, Ејден Аслин и Шон Пинер, кои беа заробени, додека се бореа со украинските бранители во Мариупол.

Обвинителите од самопрогласената проруска Народна Република Доњецк, контролирана од Русија, соопштија дека на двајцата Британци им се заканува смртна казна за „тероризам“, односно како платеници се бореле во Украина, додека пак, Аслин и неговите обвинети колеги рекоа дека се редовни војници, кои се борат во украинската армија и треба да бидат третирани како воени заробеници.

Обвинителите, воедно, соопштија и дека Британците се обвинети за четири одделни дела: извршување на кривично дело како дел од криминална група, насилно преземање на власта или насилно задржување на власта, платеници и промовирање обука за терористички активности.

Исто така, и Украина осуди тројца руски војници на затворски казни за воени злосторства, со што рускиот војник Вадим Шишимарин (21) е осуден на доживотен затвор, за убиство на 62 – годишен цивил во североисточниот украински регион на почетокот на војната, додека пак, војниците Александар Бобикин и Александар Иванов добија над 11 години затвор за гранатирање на населени центри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author