11.06.2022 Скопје
Иако Борис Џонсон се уште е на чело на Обединетото кралство, сепак зад затворени врати, ривалите веќе му бараат замена.
Џонсон, минатата недела, го помина најголемиот предизвик за неговото лидерство откако стана премиер, откако неговите пратеници го поддржале со гласање за доверба и остана лидер на партијата со 211 гласови.
Во моментов се смета дека владата на Џонсон има некаде помеѓу 170 – 180 пратеници на својот платен список и сепак Џонсон е безбеден, бидејќи правилата на Конзервативната партија го штитат до следното гласање за доверба, во период од 12 месеци.
Подготвено од М.Н.