14.06.2022 Скопје
Американскиот претседател, Џозеф Бајден, утврдил дека неопходно е да се продолжат вонредните мерки за Балканот, коишто се во сила прогласени со Извршната наредба 13219 за Балканот.
Овие итни мерки поврзани со регионот беа донесени од тогашниот американски претседател, Џорџ Буш, според Законот за справување со невообичаени и големи закани за националната безбедност и надворешна политика на САД и прв пат стапи на сила на 26 јуни 2001 година, а подоцна била продолжена во 2003 и 2021 година.
Доколку Претседателот објави известување во федералниот регистар, мерките можат да се продолжуваат секоја година.
Подготвено од М.Н.