23.06.2022 Скопје
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека длабоко се надева дека Северна Македонија ќе најде решение за тргање на бугарското вето и деблокадата на евроинтеграцијата.
Вучиќ разговарал со премиерот Ковачевски, но не е сигурен во дека ќе се најде решение за тргање на ветото, бидејќи барањето на Бугарија е исто со барањето од Белград со Приштина, со поглавје 35.
Вучиќ додаде дека Северна Македонија за Србија е братска и пријателска земја и верува дека секогаш и на европскиот и на сите други патишта, Србија ќе биде заедно со Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.