21.06.2022 Скопје
Една од партиите во Северна Македонија изјави дека доколку ЕУ не може да го прифати македонскиот народ, јазик, држава, можеби е време за нова надворешно – политичка алтернатива.
Со новиот предлог на ЕУ, јасно се наметнуваат нови (не) европски барања, кои го загрозуваат правото на самоопределување на македонскиот народ и ја деградираат македонската држава.
Врз грбот на државата, европската бирократија ќе постави нов преседант – билатерален спор помеѓу две држави и станува дел од преговарачката рамка за пристапување кон Унијата.
Партијата повикува на итен прекин на преговорите со Бугарија и апелираат останатите партии да излезат со ваков став, во спротивно ќе бидат директни учесници во уште едно национално предавство.
Подготвено од М.Н.