03.06.2022 Скопје
Низ призма на земја кандидат за членство во ЕУ, која ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговори, време е од страна на ЕУ да се отвори патот, истакна во свое обраќање Стефан Богоев, на годинешниот глобален совет, којшто се одржа во Тирана, соседна Албанија.
Република Северна Македонија ги има исполнето сите критериуми и го заслужува тоа, стои во обраќањето.
Во контекст на воената агресија врз Украина, интеграцијата е и безбедносно прашање за стабилноста на целиот регион и сега веќе треба да се дејствува, а не да се зборува, порача во своето обраќање на глобалниот совет Богоев.
Подготвено од М.Н.