https://twitter.com/eucopresident/status/1511603351812775940/photo/1

30.06.2022 Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на твитер објави дека француското претседателство го има решението и време е да се почнат преговорите со Северна Македонија.

Мишел напиша дека досега сме најблиску од сите обиди и време е да се каже „ДА“.

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека предлогот е пристигнат во Скопје и дека ќе треба да помине прекуи низа консултации од претседателот на Северна Македонија, па се до граѓаните и потоа ќе биде донесена одлука дали ќе се прифати или не.

Претходно на прес – конференција на Самитот на НАТО во Мадрид, францускиот претседател Макрон изјави дека е убеден дека е најден добар договор, прифатлив и за Софија и за Скопје, за отворањето на првите поглавја од преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Подготвено од М.Н.

About Author