16.06.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека во Скопје нема стигнато никаков предлог од Франција во однос на спорот со Бугарија. Пендаровски истакна дека разговори се водат со колегите од Бугарија и за тоа е информирана целата јавност. Тој додаде и дека тоа што се случува внатре во Бугарија, не сака да го коментира, бидејќи не сака никој од надвор да ги коментира внатрешните политички случувања во Македонија.
Пендаровски изјави и дека на Република Северна Македонија потребна и е платформа која ќе им овозможи на 27те лидери на ЕУ и на земјите од Балканот и од источното партнерство, да соработуваат и да ги координираат темите од заедничкиот интерес, бидејќи политичката заедница е неопходна, поради војната во Украина.
Подготвено од М.Н.