Photo by Kindel Media: https://www.pexels.com/photo/photo-of-cannabis-plant-on-dark-background-7667844/

14.06.2022 Скопје

Во голема акција на МВР, во Штип, односно во село Карабинци, се уапсени три лица, бидејќи кај уапсените Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36) се пронајдени и одземени околу 15 500 стебла канабис, со пазарна вредност од над 5 милиони евра.

Во координација со јавен обвинител и претходно обезбедени наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршено е претрес на неколку локации во село Карабинци во врска со производство на наркотична дрога, марихуана.

Photo by Kindel Media: https://www.pexels.com/photo/fashion-man-love-people-7714895/

Потпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска соопшти дека кај тројцата уапсени се пронајдени распределените стебла канабис, од кои дел веќе биле во цветови.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против тројцата уапсени ќе биде поднесена кривична пријава.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *