03.06.2022 Скопје
За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви.
Од Владата најавија нови антикризни мерки во најкус можен рок, по донесувањето на ребалансот на Буџетот.
Од Министерството за финансии информираа дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата и средства за зголемување на пензиите.
Од Министерството за финансии, исто така изјавиле дека со ребалансот и покрај одреденото проширување на дефицитот, тој сепак е под ниво во 2021 година.
Од Владата излегоа со изјава дека Социјалниот дијалог ќе продолжи и наскоро ќе има ново усогласување на платите за да се ублажи новонастанатиот ценовен шок.
Подготвено од М.Н.