22.06.2022 Скопје
Еврокомесарот за соседна политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, со статус на својот профил на твитер, напиша дека лидерот на бугарската опозициска партија, Бојко Борисов, донел историска одлука, со тоа што ја дал поддршката за францускиот предлог за укинување на ветото и отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија за влез во ЕУ.
Вархеји напиша и дека му се заблагодарува на лидерот Бојко Борисов и очекува Владата да го направи она што е неопходно да помине низ парламентот, за да може Европа да оди напред.
Подготвено од М.Н.