22.06.2022 Скопје
Европската ракометна федерација ја потврди одлуката, донесена од Извршниот комитет, со која не му дозволува на Вардар да учествува во лигата на шампионите во сезоната 2022/2023 година.
Причината за ваквата одлука е поради стари долгови, односно побарувањата што ги имале ракометарите во време кога клубот бил предводен од претходната управа.
ЕХФ му дала рок на Вардар од две години да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот, но претставниците на клубот не ги почитувале датумите, или ја одложувале или не одговарале на предупредувањата од ЕХФ.
После состанокот на Извршниот комитет, кој се одржал минатиот петок, бидејќи Вардар ниту ги исполнил договорените работи, ниту навремено ги завршил плаќањата, донесена е одлука дека не ги исполнува критериумите за настап на Европските купови во сезоната 2022/2023 година.
Подготвено од М.Н.