
23.06.2022 Скопје
Украинскиот претседател, Володомир Зеленски, ја поздрави одлуката на ЕУ, нарекувајќи ја единствен и историски момент во билатерални односи, откако дваесет и седум членки на ЕУ им доделија кандидатски статус на Украина и Молдавија.
Претседателот на Европскиот совет на Твитер напиша дека Европскиот совет, штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ на Украина и Молдавија, и додаде дека тоа е историски момент.
Подготвено од М.Н.