21.06.2022 Скопје
Словенија донираше 35 тенкови на Украина, произведени во поранешна Југославија, за кои во договор со САД, ќе добијат средства за компензација за набавка на опрема на Словенечката армија.
Нивната деконзервација траеше неколку недели и побрзото праќање помош на Украина досега беше спречено поради логистички тешкотии, поради позицијата на Унгарија, која не дозволува транспорт на оружје за одбрана на Украина преку нејзина територија.
Словенија со оваа донација го исполни ветувањето за Украина и придонесе за нејзина одбрана, изјави министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец.
Словенија и претходно има донирано лесно оружје, шлемови, панцири и друга опрема на Украина.
Подготвено од М.Н.