19.06.2022 Скопје
Вирусот кој обично циркулира во Централна и Западна Африка, сега е присутен на неколку други континенти.
СЗО ја укина, во својата статистика за мајмунските сипаници, поделбата на ендемични и не-ендемични земји за подобро да го „унифицира“ одговорот на вирусот.
На 23 Јуни, СЗО ќе процени дали сегашната епидемија е итност за јавното здравје, што е највисоко ниво на тревога за СЗО.
Европскиот регион е во центарот на ширење на вирусот и моментално има 1 773 потврдени случаи на мајмунски сипаници.
Подготвено од М.Н.