https://www.facebook.com/photo/?fbid=947831765394447&set=a.947831302061160

22.06.2022 Скопје

Во голема акција на МВР на граничниот премин Ќафасан, уапсени се седум лица кои вршеле или издале дозвола за шверц на стока набавена од Северна Македонија.

Притворени се двајца полициски службеници и двајца цариници, бидејќи имало сознанија дека се дозволува без царински давачки, да поминува стока од Северна Македонија во Албанија.

Истрагата покажала дека полициските службеници на граничниот премин Ќафасан, соработувале со царинските службеници во замена за поголема сума пари и пуштиле три лица од пограничниот град Либражд, да ја пренесат шверцуваната стока без претходно царинење.

Поради пониските цени на прехранбените производи, како и горивото, голем број на албански граѓани вршат набавки на големо во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Против уапсените лица, по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Подготвено од М.Н.

About Author