20.06.2022 Скопје
Турскиот претседател, Реџеп Таим Ердоган, се обратил со видеопорака на Глобалната парламентарна конференција за миграција.
Ердоган изјавил дека грчките безбедносни сили, ограбуваат, тепаат па дури и убиваат бегалци.
Секој ден сме сведоци на драмата на бегалците, малтретирани од грчките безбедносни сили, но за жал тоа никој не сака да го види реално.
Ердоган истакна и дека земјите како Турција, кои се соседи на кризните подрачја, го носат товарот на миграцијата и бегалците, а не оние развиените општества кои само го креваат својот глас, а за проблемите остануваат слепи.
Подготвено од М.Н.