https://www.facebook.com/photo.php?fbid=406773981491646&set=pb.100064771413898.-2207520000..&type=3

28.06.2022 Скопје

Од кабинетот на финскиот претседател, Саули Ниниште и потврда од НАТО, соопштија дека Турција има донесено одлука, со која го поддржува членството на Финска и Шведска во НАТО.

Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска потпишале Меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата од Турција.

Ваквата одлука доаѓа непосредно пред Самитот на лидерите на НАТО, што ќе се одржи во Мадрид. Иако турскиот претседател, Ердоган, имаше голема резерва за членството на двете земји, сепак попушти во својата одлука.

Од НАТО соопштија дека е постигнат договор меѓу трите земји и генералниот секретар, Јенс Столтенберг, наскоро треба да открие повеќе детали околу договорот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *