11.06.2022 Скопје
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, во некои тајни сеанси на харвардските друштва, ја открил формулата на трите јасни барања на Софија.
Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, за да се заштитат нивните права и да се спроведе договор за добрососедство, се трите јасни барања на Петков.
Република Северна Македонија треба да се воздржи од водење политика, без оглед на нејзината форма, на поддршка и охрабрување на барањата за признавање на т.н. „македонско малцинство“ во Бугарија.
Според рамковната позиција, Бугарите бараат од Македонците да се променат имиња на неколку стотици улици, да се тргнат некои спомен плочи, да признаат дека до 1944 година биле Бугари.
Чуда може се случуваат, но оние што мислат дека германскиот канцелар, Олаф Шолц, во Скопје и Софија ќе донесе волшебно стапче и ќе ги реши проблемите веднаш, се лажат бидејќи тоа засега не е возможно.
Подготвено од М.Н.