19.06.2022 Скопје
Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифунов, во телевизиско обраќање, изјави дека вистината е една, а тоа е дека во Македонија нема бугарско малцинство, туку има Бугари.
На Трифунов му пречи што во предлогот поднесен до Комисијата за надворешна политика на бугарското собрание, се зборува за „бугарско малцинство“ и затоа е против предлогот за кревање на ветото, подготвен од Франција.
Подготвено од М.Н.