24.06.2022 Скопје
Американскиот државен секретар, Антони Блинкен, во Берлин на прес – конференцијата изјави дека поради војната на Русија кон Украина, светот ќе гладува. Русија свесно го користи гладот како воено оружје и целиот свет е заложник на Путин.
Блинкен ја спореди кризата со глад како „бран загрозувачки по животот“ и по пандемијата овој бран стана цунами.
Министрите на 40 земји се обидуваат да најдат конкретни решенија за кризата со храна, предизвикана од војната во Украина, на конференција во Берлин.
Подготвено од М.Н.