08.06.2022 Скопје
Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош, соопшти дека по 99 месеци ја прекинува коалициската соработка со ВМРО – ДПМНЕ и дека таа коалиција повеќе не може да опстои во оваа скопска Општина.
Исто така, тој додаде и дека народот си избрал свој градоначалник, кој треба да ги штити нивните интереси.
Јакимовски изрази благодарност до членовите на ВМРО – ДПМНЕ, кои го поддржувале во изборната кампања и нагласи дека се што имаат договорено и се што има обврска кон нив во Општина Карпош, ќе биде испочитувано.
Подготвено од А.Ѓ.