26.06.2022 Скопје
Со соопштение од ССМ, откако реши да продолжи со активностите, изјавија дека утре (27.06.2022) ќе го блокира влезот на Скопје, на раскрсницата во Автокоманда, во период од 07 до 10 часот. Ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна, стои во соопштението.
Од ССМ соопштија дека пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предлог амандманот на ССМ, укажуваат и на работниците дека мора да се добие она што секој го има заслужено. Од ССМ, воедно и апелираат граѓаните да го планираат нивното движење во наведениот период и да ја избегнат раскрсницата на бул.Александар Македонски со 16 Македонска бригада или солидарно да се придружат во нивната блокада.
Подготвено од М.Н.