https://www.facebook.com/ssmmkd/photos/558759762428975

25.06.2022 Скопје

Во првите три дена од генералниот штрајк во цел јавен сектор, платите на огромен број работници во јавниот сектор кои работат во Град Скопје, веќе се усогласени за 2 806 денари, согласно растот на минималната плата.

Истовремено се водат преговори и преки социјален дијалог на локално ниво се очекува во следните денови, ова покачување да го добијат вработените од јавен сектор во најголем број на општини и јавни претпријатија.

Генералниот штрајк, ССМ го организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на барањата од работниот однос.

Целиот јавен сектор за прв пат по 20 години излегуваат на генерален штрајк.

Подготвено од М.Н.

About Author