02.06.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со генералниот секретар на Црвен крст, Саит Саити.
Црвен крст во однос на волонтерската работа се фокусираше за поддршката на ранливите групи на граѓани, кои најчесто беа погодени од пандемијата на Ковид – 19.
Претседателот даде поддршка за ангажманот на волонтерите во работата на Црвен крст и најави соработка и проекти со неговиот кабинет.
Подготвено од А.Ѓ.