20.06.2022 Скопје
Како што информираат од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Џафери остварил средба со премиерката на Финска, Сана Марин.
Џафери истакнал дека е благодарен на Финска за поддршката на Северна Македонија во областа на евроинтеграциите и нагласил дека како држава со Финска споделуваме исти политички определби и имаме многу добри односи на билатерален план.
Џафери кажал дека Северна Македонија ги поддржува плановите на Финска за членството во НАТО и ја нагласи подготвеноста на Собранието да го ратификува пристапниот протокол за членството на Финска во НАТО, што е можно поскоро.
Подготвено од М.Н.