https://www.facebook.com/photo/?fbid=410958757711729&set=pb.100063928230945.-2207520000..

05.06.2022 Скопје

Во статус на фејсбук на вицепремиерот Маричиќ стои дека остварил средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска.

Двете страни имале добра волја за постигнување на резултати, а тоа е доволна причина да веруваме дека проактивноста во дијалог може да даде успех и договор.

Маричиќ напиша и дека на состанокот во фокусот на разговорите биле односите на двете земји, процесот на европската интеграција, како и за состојбата во целиот регион, но акцент ставиле на важноста за напредокот на евроинтеграцискиот процес на Македонија, заложбите за добрососедство и пријателство, бидејќи тоа е во интерес и на двете земји, но и на целиот регион.

Подготвено од М.Н.

About Author