20.06.2022 Скопје
Остварена е работна средба меѓу битолскиот градоначалник, Тони Коњановски, и Амбасадорот на Унгарија, Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс.
Се разговараше за повеќе важни проекти кои треба да се реализираат во општина Битола, меѓу кои и изградбата на прочистителна станица, проекти за подобрување на животната средина и зајакнување на соработката меѓу Битола и повеќе градови во Унгарија.
Поради понатамошно заедничко делување се разговарало и да се отпочне постапка за забратимување на Битола со град од Унгарија.
На средбата присуствуваше и почесниот Унгарски конзул во Битола, Сашо Јанакиевски.
Подготвено од М.Н.