06.06.2022 Скопје
Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.
Ахмети, на средбата, изјави дека секое одложување на решавањето на спорот меѓу Софија и Скопје, оди на штета на бугарската заедница во земјава.
Ахмети изјавил и дека итното затворање на овој спор ќе биде од корист на двете земји, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани.
Ахмети и Генчовска на средбата истакнаа дека е неопходно да се интензивираат трговската и културната размена меѓу двете земји, за да се подобри благосостојбата на граѓаните и подоброто меѓусебно познавање.
Подготвено од М.Н.