29.06.2022 Скопје
При средбата со европретставникот Мирослав Лајчак, српскиот претседател Александар Вучиќ, максимално отворено зборуваше за прашањата на Србија со Косово.
Вучиќ изјави дека Србија е секогаш подготвена за дијалог, додека другите отстапуваат и не се подготвени иако ја имаат поддршката од западните сили. Исто така, за Западот истакна и дека албанското раководство, наводно, добивало поддршка од Велика Британија, Германија и други земји, но според Вучиќ тоа е една голема лага и според него иако мислат дека они се глупави, сепак проблемот е што тие мислеле дека се паметни.
На прашањето од Лајчак „Што ќе доведе до дијалог меѓу Белград и Приштина?“, Вучиќ одговорил дека се спремни, но се прашува за што би се водел разговор, дијалогот за што би бил кога Србија има исполнето се од Бриселскиот договор, а Приштина ништо нема исполнето.
Косово сака да создаде нова „Олуја“, ги малтретираат Србите со даноци, го нападнаа северот на Косово со специјални единици, уапсија човек поради српски национални карактеристики, бидејќи имал српско знаме во багажникот, дали тоа е кривично дело, му се обратил Вучиќ на Лајчак.
Вучиќ на прес – конференцијата упати апел до Приштина да не го напаѓа српскиот народ, Курти сонува дека е претседател на Украина, но повеќе го загрижуваат оние кои го туркаат сето тоа.
Претседателот на Србија побара од Приштина да не се обидуваат да го запленат имотот и да го протераат нивниот народ и им даде време да размислат за одлуката за влез на српските државјани во Косово, на коишто не им дозволуваат и не ги прифаќаат личните карти како документ за идентификација.
Подготвено од М.Н.