https://www.flickr.com/photos/67513988@N08/6194125903/in/photolist-armvRr-armvMc-arpavq-armvQc

30.06.2022 Скопје

Поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу, изјави дека е вистинско време да се работи со побрзо темпо за зачленување на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија.

Кризата во Украина укажа на потребата за посилна политичка волја за отварање на процесот за членство во ЕУ и зачленување на двете земји.

Папандреу, кој беше министер за надворешни работи на Грција и ја потпиша Солунската декларација за иднината на Западен Балкан, изјави дека предолго се чекаше за Северна Македонија и Западен Балкан да се приближат и дека сега е вистинско и крајно време да се работи на зачленувањето. Исто така, истакна дека имаше несогласувања меѓу Грција и Северна Македонија, но сега веќе се надминати и се надева дека ќе се надмине и блокадата од Бугарија и дека во минатото Северна Македонија и Грција успешно ги надминаа несогласувањата со тешки политички жртви и после тој договор, двете земји заедно имаат една прекрасна заедничка иднина.

Подготвено од М.Н.

About Author