22.06.2022 Скопје
Владата на Швајцарија, на својот редовен неделен состанок, ја легализираше употребата на канабис за медицински цели, со што ова ќе биде големо олеснување на пациентите кои се лекуваат од рак или мултиплекс склероза, чие страдање може да се олесни благодарение на употребата на канабис.
Швајцарскиот Парламент веќе го одобри амандманот на Законот за наркотици во март, минатата година, со што се отворил патот на Владата да го легализира канабисот.
Новиот закон ќе стапи на сила од 1 Август годинава.
Подготвено од М.Н.