287364839_551376019834016_5320139553234451607_n[1]

22.06.2022 Скопје

Поради одбиениот амандман во ребалансот на Буџетот за линеарно покачување на платите во јавниот сектор, вработените од војската, полицијата, образованието, комуналното претпријатие, администрацијата, од денеска стапуваат во генерален штрајк.

Освен што ќе штрајкуваат со прекин на работниот процес, секој ден од 10 до 11 часот, вработените во јавниот сектор ќе излегуваат и од нивните работни места надвор пред просториите на работодавците.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, истакна дека треба да има линеарно покачување на платите, но останува на ставот дека тоа треба да се направи со усвојување на методологија, а не со едностран акт.

Највисоките тела на Сојузот на синдикати на Северна Македонија, на 3 Јуни донесоа одлука за генерален штрајк, кој ќе започне на 22 Јуни, ако дотогаш не бидат исполнети нивните барања.

Подготвено од М.Н.

About Author