20.06.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, изјави дека има чувство дека ЕУ го губи Балканот.
Тој изјави дека во Србија расположението кон ЕУ е понегативно од претходно, зборуваше и за давањето статус на кандидати на Босна и Херцеговина и на Косово, а тука ги спомна и споровите меѓу Бугарија со Северна Македонија и ветото на Турција врз Финска и Шведска.
Министерот предупреди дека мора да се дејствува брзо, бидејќи тоа е нивната најважна стратешка задача, што е пред нив. Тој додаде и дека ако делуваат силно во Украина и Молдавија, тогаш тоа мора да се направи и на Западен Балкан.
Подготвено од М.Н.