13.06.2022 Скопје
Министерот за спорт во оставка, Радостин Василев, на прес – конференција за медиумите соопшти дека петмина пратеници, вклучувајќи се и Василев, ја напуштаат пратеничката партија на Слави Трифунов „Има таков народ“.
Василев кажа дека не може веќе да ги поддржува постапките на лидерот Трифунов и дека ја има изгубено довербата во него.
Василев додаде и дека Слви Трифунов никогаш не го интересирало мислењето на неговите пратеници и дека за да украде некои средства од некои фирми, Трифунов повлекувал министри.
Според исказот на Василев, Северна Македонија е само измислена причина на Трифунов, којшто пак претходно на фејсбук напиша дека има добиено информација кои пратеници ќе ја напуштат неговата партија и дека истите се купени со пари и позиции од страна на премиерот Кирил Петков.
Подготвено од М.Н.