https://www.facebook.com/photo/?fbid=479735426841722&set=a.479735413508390

29.06.2022 Скопје

Претседателот на опозициската партија изјави дека има информации дека преговарачкиот тим води тајни преговори со Софија и дека тоа е најголемо предавство на својот народ.

Тој додаде дека дали тоа бил Ковачевски или Османи или пак сосема некој друг околу нив, реалноста е тоа што администрацијата на ЕУ нема да дозволи, ниту пак на земјата која претседава, таков предлог да се стави на маса без да се добие согласност од страните кои преговараат.

Опозицијата упати апел, медиумите да истражат за тајните преговори, бидејќи според нивни информации, овие неколку дена во Софија има преговарачи во името на граѓаните, иако не е познато кој тоа им го има дозволено.

Претседателот на опозициската партија изјави дека како политичка партија и како граѓанин на Македонија, нашиот став е јасен и прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот, ниту за идентитетот.

Подготвено од М.Н.

About Author