https://www.flickr.com/photos/142900363@N03/32302634747/in/photolist-RdtrUp-2ifYVUk-7pGR73-xHEtVY-qr1djM-ccWsF9-2mXPmAz-2mX5LYk-QLzJsn-QtueKd-2kBVUb9-4htQqV-4iZh1g-Q92j7b-R7u6yo-7DeUT9-Q6GaPj-RTnkDC-Q92fvo-2mVakYi-8AZMVN-pyBbpH-qoaU8T-2mU8e4b-7CCiH8-BQCFn1-CsXmfR-dVWNrx-25BN8Xs-R5DYDo-SeKff1-ebAN8p-2mZ3LVv-2mZ3M5o-25qBfzH-HxZesb-4hxNuL-7JiN3z-23o5ZB3-Ek41cg-qiH6ro-q8DDs7-eSaqLC-FXKBa8-Ro9opV-2mSZgo8-2n5qVbv-CGJgSg-QQkKRc-is6SNB

30.06.2022 Скопје

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека иако не очекува тешка зима, не само за Северна Македонија, туку и за целиот регион, рестрикции на струја нема да има. Со цел да се избегнат рестрикциите се прават подготовки за зголемување на производството, посебно од страна на ЕСМ и веќе планот е доставен.

Во однос на цените, најголемиот товар ќе падне на тие што греат базени кои имаат можност да ги плаќаат сметките, што потрошуваат колку 100 просечни домаќинства во државата.

Во делот на просечните граѓани, оние кои трошат согласно со сите параметри и нивните потреби, за нив можеби ќе има и помали сметки со воведување на блок тарифите.

Бектеши истакна дека сите треба да бидеме совесни и посветени и да се обидеме да заштедиме повеќе електрична енергија, бидејќи ова не е криза само во Северна Македонија, туку се работи за глобална криза на целиот регион.

Подготвено од М.Н.

About Author