15.06.2022 Скопје
На берзите веќе се намалуваат цените на пченицата, на сончогледот и на другите суровини и земјоделски производи, кои се користат за производство на финалните производи.
Според тоа, министерот за економија, Крешник Бектеши, очекува да има намалување на малопродажните цени на основните прехранбени производи, по вчерашното донесување на одлуката за ограничување на маржите.
Според изјава на министерот Бектеши, важно е да нема злоупотреба на договорите што ги имаат супермаркетите со производителите и дистрибутерите. Тој истакна и дека сите производители и дистрибутери треба да формираат нови цени, кои ќе ги достават до супермаркетите и на основните прехранбени производи да се намалат цените.
Подготвено од М.Н.