https://www.facebook.com/photo/?fbid=568190324674808&set=pb.100044515356135.-2207520000..

24.06.2022 Скопје

Во Берлин се одржа министерска конференција на која учествуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерот Николовски во своето обраќање пред присутните даде свое видување на глобалната криза, предизвикана од воениот конфликт, кој ја афектираше македонската економија, земјоделското производство, трговската размена и снабдувањето со храна.

Николовски изјави дека на национално ниво, ние сме фокусирани на зајакнување на локалните системи за храна.

Министерот потенцираше дека многу е важно да се зајакнат капацитетите на адаптација и ублажување на климатските промени и да се создаде одржлив раст на продуктивноста во земјоделството, користејќи го Моделот на климатско паметно земјоделство и агроекологија.

Подготвено од М.Н.

About Author